(Видео) Митревски ја има најдобрата одбрана во изборот на ЕХФ

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски,  кој го брани голот на португалскиот Порто повторно ја има најдобрата одбрана во 6. коло од елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, во традиционалниот избор на „ЕХФ ТВ“. Порто иако важеше за аутсајдер во дуелот со барселона како домаќин ремизираше (33:33), а во поголемиот дел имаше и водсто со кое се закануваше дека ќе го изненади актуелниот еропски првак.

Ова е вторпат Митревски да има најдобра одбрана во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите. Сега Митревски доби признание во изборот со извонредна интервенција.

За македонскиот голман досега освен двапати што беше број еден со најдобра одбрана, еднаш се најде и во изборот за најдобар голман на колото.

Треба да знаете
Последни објави