Меган со часовникот на Дијана на својата рака

Меган Маркл на Јутјуб-каналот „Brightly Storytime” читаше приказна за деца, под наслов „Клупа”, што самата таа ја напишала. Сепак, најмногу внимание привлече еден дел од накитот што таа го имаше…

Меган беше облечена лежерно – со сина кошула и фармерки, и со косата во опавче. Но, на левата рака носи часовник „Картие” кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дијана, а неговата цена е 23.000 долари (речиси 20.000 евра, или над 1,2 милиони македонски денари).

Тој часовник ѝ го подарил принцот Хари, наводно, на почетокот на нивната врска. Меѓу накитот таа носеше и нараквица Картие од 7.000 долари и тениска нараквица „Џенифер Мајер” од 3.000 долари. Прстенот од дизајнерката Лорејн Шварц кој чини околу 62.000 долари покрај вереничкиот прстен.

Меган, инаку, учествуваше во иницијатива со цел да им се помогне на родителите да ја разбудат кај децата љубовта кон читањето книги.

– Се надевам дека ви се допадна „Клупа” (The Bench). Мило ми е што успеав да го споделам со вас и се надевам дека ќе успеете да најдете своја посебна клупа или столче, или мала тивка лулашка – место кое многу ќе ви значи и што ќе го споделите со некого што го сакате, рече таа на крајот.  

Треба да знаете
Последни објави