Арсовска го призна катастрофалниот менаџмент со спортската сала Расадник

На денешната прес конференција, СДСМ Скопје укажува дека Данела Арсовска и должи одговор на јавноста каде е имотот што го стекнала како менаџер во претпријатија за кои тврди дека успешно ги менаџирала и каде е имотот од нејзините семејни фирми од Расадник, стекнат по катастрофално менаџирање на скопската сала која пропаѓа:

„Почитувани, ова е пропаднатата спортска сала „Расадник“, изградена со наши пари – пари на скопјани собрани преку самопридонес. Данела Арсовска со денови се закануваше со тужби кога некој ќе и поставеше прашање за лошото менаџирање на сала „Расадник“. Но, притисната од новинарски прашања, Арсовска вчера најпосле призна дека менаџирала со скопската сала „Расадник“. Арсовска призна дека и последниве 20 години била менаџер во многу претпријатија, тврдејќи дека секаде до моментот додека била менаџер тие биле успешни претпријатија!“

Но, погледнете убаво драги скопјани, зарем ова е успешно менаџирање? Во периодот на нејзиното менаџирање, оваа сала престанува да биде центар на спортот и станува центар за свадби и крштевки. Спортските клубови ја напуштаат салата, а почнуваат да ја посетуваат сватови и угостители. Спортистите и локалните жители добро се сеќаваат каков спортски комплекс беше салата Расадник пред менаџерката Арсовска да го запусти.

Данела Арсовска ја добила спортската сала Расадник за „џабарлак“ од ВМРО-ДПМНЕ и ја раскрчмила. Кај не плаќала струја, оставила и долг од 130.000 евра кон јавното претпријатие. Тоа е доказ дека Данела Арсовска не знае да менаџира со јавни објекти на скопјани дури и кога не плаќа кирија и струја!

Ако е точно дека била 20 години успешен менаџер во многу претпријатија, зошто Арсовска нема споменато во нејзината биографија ниту едно од тие претпријатија кои ги менаџирала?

Арсовска со денови се обидуваше да скрие дека била менаџер на сала Расадник. Арсовска со денови го криеше и нејзиното моминско презиме Јовановска, и не го признаваше фактот дека во 2002 токму како Даниела Јовановска, директорка на фирмата „Империјал Данела“, склучила договор за закуп на салата Расадник на 25 години за „џабарлак“ – за само илјада евра месечно. Арсовска уште ги крие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата Расадник се упропастувала како спортски објект.

Таа сеуште крие дека токму како Даниела Арсовска била обвинета за кражба на струја во салата Расадник, дека нејзините семејни форми имаат долгови кон Јавното претпријатие. Арсовска сеуште крие за поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“, каде што била менаџер.

Арсовска крие и за фирмата Ројал Груп од „Расадник“, која донирала за црквата на Груевски, исто како и Даниела Арсовска. Арсовска крие и дека „РОЈАЛ ГРУП“ претходно се викала „ТЕМ МК“ и дека како менаџер на таа фирма нудела на продажба автобуси. Арсовска крие колку им должи на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, бега од новинарски прашања, бега од дебати како што бегаа Никола Груевски и Коце Трајановски.

Зошто Арсовска продолжува да го крие сето ова, ако била успешен менаџер, како што тврди? Зошто Арсовска крие дека ја ставила мајка и на државна функција по предлог на Сојуз на стопанските комори, со хонорар од 10.000 денари по состанок?

Арсовска крие и манипулира колку би чинеле кинеските автобуси кои ги рекламира, не кажува и колку би ги чинел скопјани бесплатен јавен превоз со 250 автобуси. Арсовска ја крие и локацијата на мега-парковите што ги ветува, големи колку градскиот парк.

Скопје не заслужува градоначалник кој толку крие. Скопје не заслужува градоначалник кој крие дека има бугарско државјанство и лична карта и поврзаност со бугарски капитал. Скопје не заслужува градоначалник кој не знаел да ја менаџира спортската сала Расадник, изградена со самопридонес во исто време и со истите фондови како и спортскиот центар „Треска“. Скопјани знаат што се случи со Езерото Треска, а сега знаат што се случило и со пропаднатата сала Расадник.

Наместо да крие, да бега од новинари и дрско да ја манипулира јавноста дека била успешен менаџер на фирми, Арсовска и должи на јавноста одговор каде е имотот што го стекнала како менаџер во претпријатија за кои тврди дека успешно ги менаџирала. Арсовска им должи одговор на скопјани каде е имотот од нејзините семејни фирми од Расадник, стекнат по катастрофално менаџирање на скопската сала која пропаѓа!“ – се вели во прес-конференцијата на Градската организација на СДСМ.

https://www.facebook.com/GradskaOrganizacijaNaSDSM/videos/1313274935779107/

 

 

Треба да знаете
Последни објави