Бени Шаќири, кој освои помалку гласови на изборите од гласовите на коалицијата ЛДП и ДОМ, се фотографираше со Данела Арсовска, во исто време кога лидерот на ЛДП Горан Милевски му даде поддршка на Петре Шилегов.
На гласањето на 17 октомври 2021, советничката листа на ЛДП/ДОМ за град Скопје освои 9.287 гласови, а АРБЕН ШАЌИРИ како кандидат на ЛДП/ДОМ само 8.911.
За разлика од сите други кандидати за градоначалник, кои имаа повеќе гласови од своите советнички листи, Бени Шаќири освои помалку гласови, што зборува во прилог на тоа дека не бил никаква додадена вредност за ЛДП и ДОМ.
Очигледно е дека Бени Шаќири, кој служеше како „спотер“ на дебатите за оцрнување на Шилегов, сеуште се амбицира да биде директор на МКЦ и не ја има преболено таа траума кога културни здруженија и активисти се спротиставија на неговиот избор. Сега болно амбициозниот Бени Шаќири се фотографира со Данела Арсовска, со надеж дека ќе ја добие директорската позиција за која мисли дека му припаѓа затоа што свирел на партиски концерти на СДСМ.
Во прилог на тоа дека Бени Шаќири негува патолошка омраза кон Шилегов и СДСМ, се и тезите на Васко Ефтов кој го нарече „сателитот на Црвенковски“. Според Ефтов, јасно е дека Црвенковски и неговите сателити им одмагаат на СДСМ и им помагаат на ДПМНЕ, што Ефтов го оценува како голема срамота и пример „како таткото може да работи против своето дете“.
Каде ќе одат гласовите на ЛДП и ДОМ кои, за разлика од бранковистот Бени Шаќири, не и дадоа никаква поддршка на Данела Арсовска, ќе се дознае на изборите во недела.