Врховниот касациски суд на Србија го одби како недозволиво барањето за заштита на законитоста на Нинослав Јовановиќ (47), попознат како „берберот од Малча“, кој беше осуден на доживотен затвор за киднапирање и силување на дванаесетгодишно девојче од Сув Дол. Случајот привлече голмо внимание во целиот регион бидејќи педофилот успешно ѝ бегаше на полицијата две недели.
Со пресдудата згаснале сите надежи на монструозниот силувач, кој поради перверзната потреба да ги потстрижува своите малолетни жртви, го добил прекарот „берберот од Малча“, дека ќе избегне издржување доживотна затворска казна.
Јовановиќ го поднесе овој вонреден правен лек барајќи „елиминација на неправилностите во пресудата“ до Врховниот касациски суд преку Високиот суд во Ниш на 2 август, откако Апелациониот суд во Ниш ја потврди историската пресуда на Високиот суд во Ниш во јули.
Во текот на повеќе од две децении поминати во затворите, Јовановиќ научил многу за правото, па барањето го напишал лично, бидејќи веќе нема право на бранител по службена должност. Но, иако во вакви случаи поминува многу повеќе време до донесување на одлуката, Врховниот касационен суд донесе одлука за неполни три месеци и ја достави до Вишиот суд во Ниш. Неговото барање било одбиено така што до крајот на живот ќе биде зад затворските ѕидови.
Нинослав Јовановиќ беше уапсен на 5 јануари лани поради киднапирање и силување на Моника К. (12) која на 20 декември со измама ја внел во автомобил. Потоа тргна најголемата потера во Србија, а девојчето беше пронајдено во напуштена куќа во селото Пасјача девет дена по киднапирањето. Сепак, Јовановиќ тогаш избега од полициска потера и беше уапсен седум дена подоцна на селските гробишта во родното село Малча.
Јовановиќ на 20 декември 2019 година во Брзо Брод ја киднапирал девојката која тогаш имала 12 години, пресретнувајќи ја на пат кон училиште, а потоа, заканувајќи се дека ќе ги убие родителите, ја држел во страв цели 10 дена. Педофилот го повикал девојчето да влезе во „пунтото“, кое претходно го украл, претставувајќи се како „Бојан од Ниш, новиот електричар во нејзиното училиште“. Кога сфатила дека не одат на училиште, тој и рекол дека е киднапирана „затоа што татко и украл дијамант од баба од Нишка Бања“ и дека таа „ќе мора да биде со него додека не го врати“. Тогаш за прв пат и се заканил дека ќе ги убие нејзините родители доколку не го послуша.
Кога ја однел девојката во првата колиба каде ја криел и ја малтретирал, таа се обидела да избега. Но, според обвинението, „берберот од Малча“ потоа ја удрил во главата и и отсекол прамен од косата. Тој до 29 декември на различни локации на територијата на Ниш, Сврљиг и Књажевац до кои се стигнувало пеш, го малтретирал, тепал и му се заканувал на девојчето дека ќе ги убие нејзините родители. За да ја исплаши и да ја одврати да побара помош, тој и рекол дека луѓето што ги сретнале на патот се зли. Неколку пати и ја потстрижил косата, а додека ја криел во Орешац, девојката се обидела да се одбрани напаѓајќи го со цигла, но тој ја спречил во тоа.
Јовановиќ беше уапсен во близина на селските гробишта во неговото родно село Малча во околината на Ниш.
Со вештачењето несомнено е утврдено дека Јовановиќ бил прсметлив кога го извршил кривичното дело, што пред судот го потврдија и психолог и психијатар кои биле дел од тимот вештаци.