Сан Антонио, тимот кој беше предводен од страна на Грег Попович со децении згуби од Далас (99:104) кој на паркетот го предводеше словенечкиот кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ. На почетокот од мечот Сан Антонио имаше предност од 20 поени, но и тоа не му беше доволно да победи. Расположениот Дончиќ беше неверојатен, постигна 25 поени, од кои дури 10 во последната четвртина. Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович по натпреварот разговараше со Дончиќ и му честиташе за неговата прикажана игра. Големиот НБА стручњак, Попович чие мислење во кошаркарскиот свет е многу ценето даде интересна изјава на темата Дончиќ и неговиот настап во најсилната кошаркарска лига на светот.
-Замислете да постоеше Југославија и овие играчи да беа во ист тим. Тоа ќе беше возбудливо – Словенци, Хрвати, Срби и Босанци. Дончиќ ме потсети на тоа, секој нов кошаркар кој ќе се појави од Балканот е одличен. Во НБА сите ги паметиме настапите на Дивац, Кукоч и Петровиќ. Сепак, друго ми е на памет. Како може да станеш толку добар во мала земја? Знам дека не играл на терени како во Њујорк, Чикаго или Лос Анџелес, каде што конкуренцијата е голема“, вели Попович.
What are Gregg Popovich and Luka Doncic talking about? 💭👇
🎥 @dallasmavs pic.twitter.com/YFEDGLlgAY
— BasketNews (@BasketNews_com) October 29, 2021