Г20 за вакцинација на 70 проценти од светското население до средината на 2022

Министрите за финансии и за здравство од 20-те најголеми светски економии (Г20) денеска нагласија дека сакаат 70 отсто од светското население да се вакцинира против Ковид-19 во следните осум месеци и формираа работна група за подобра борба против пандемијата.

– За да помогнеме во унапредување на глобалните цели за вакцинација на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70 отсто до средината на 2022 година, ќе преземеме чекори за да помогнеме да се зголеми понудата на вакцини и основни медицински производи и суровини во земјите во развој и отстранување на ограничувањата во снабдувањето и финансирањето, се вели во заедничката изјава на министрите на Г20.

Тие информираат дека формирале Заедничка работна група за финансирање и здравство на Г20, чија цел е зајакнување на дијалогот и глобалната соработка за прашања поврзани со подготвеноста и одговорот на пандемијата, промовирање на размена на искуства и најдобри практики, развој на договори за координација меѓу министерствата за финансии и здравство, промоција на колективна акција, проценка и управување со здравствени вонредни состојби со прекугранично влијание и промоција на ефикасно управување со ресурсите.

Треба да знаете
Последни објави