Депресија, злоставување, опсесии и слабеење до смрт: Актери „заробени“ во нивните филмски улоги

Холивудските ѕвезди во одредени филмови толку многу „уживаат“ во своите ликови, што многумина од нив морале да одат на психотерапија по снимањата.

Актерите отворено зборувале за тоа што им било најтешко додека се подготвувале за одредени улоги.

Хоакин Феникс како Артур Глек во „Џокер“

Актерот за оваа улога морал да ослабне 23,5 килограми, а изјавил дека фокусирањето на телесната тежина му го поматило умот.

„Еднаш кога ќе ја достигнете целната тежина, сè се менува. Секој ден би се будел опседнат со размислувањето за намалување на 0,1 килограм. Навистина развивате нарушување. Поголем дел од губењето на килограмите влијаат на вашата психа. Почнувате да полудувате“, заклучил Феникс.

Мајкл Б. Џордан како Килмонгер во филмот „Црниот пантер“

Џордан изјавил дека се изолирал и направил сè што смета дека треба да направи за да се подготви за улогата, но не знаел како да излезе од истата. Потоа открил дека му било тешко да се врати во нормалниот живот и во своја кожа.

„Не знаев како да се адаптирам на луѓето кои се грижеа за мене, како да ја примам таа љубов која ја исклучив. Не сакав љубов. Сакав да бидам на ова осамено место што подолго“, изјавил актерот.

Натали Портман како Нина во „Црниот лебед“

Актерката изјавила дека по снимањето била психички и емоционално исцрпена.

„Тогаш првпат сфатив како можеш толку да уживаш во улога, а тоа да ти наштети“, изјавила пред 11 години актерка. Признала и дека поради губењето на тежината и подготовките за улогата мислела дека ќе го загуби животот.

Нед Бити како Боби во филмот „Ослободување“

Познатата сцена на злоупотребувањето во која напаѓачот му вели: „Квичи како свиња“, го прогонувала актерот со години.

Луѓето на улица го довикувале со таа фраза, а сцената им била тешка на сите за снимање освен на режисерот Џони Бурман кој сакал да оди до крајната граница.

Адриан Броди како Владислав Шпилман во „Пијанист“

Откако поминал неколку месеци свирејќи клавир по четири часа дневно, продавајќи ги своите работи, изгладнувајќи се и цитирајќи ги мемоарите на Шпилман, Броди изјавил дека по снимањето на филмот му требале повеќе од шест месеци да се врати во нормала.

„Имаше моменти кога бев загрижен дека можеби нема да можам да најдам моќ да излезам здрав од тоа поради тоа што не сфатив колку се внесов во сето тоа“, признал тој.

Џим Кери како Енди Кауфман во филмот „Човек на Месечината“

Кери целосно уживал во улогата на ексцентричен комичар Енди Кауфман и не можел да се врати во нормална состојба по снимањето.

„Се прашував во што да верувам. Тоа беше процес“, изјавил тој.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави