ЕУ сертификатите за вакцинација се валидни, треба да се генерира нов преку веб порталот

Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб порталот. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија.

Како дел од ваков напад на систем, вчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните EU сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај, информираат од Министерството и нагласуваат дека нивни тимови се во постојана комуникација со тимовите за сајбер – безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската Комисија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, EU сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EU сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk , посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на EU сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

Треба да знаете
Последни објави