Нагелсман: Во Баерн играат луѓе, а не машини

Играчите на Баерн Минхен не се машини и тие исто така можат да имаат лош ден, рече тренерот на најтрофејниот германски клуб Јулијан Нагелсман, обидувајќи се да го објасни шокантниот пораз на неговиот клуб од Борусија Менхенгладбах (0-5) во рамки на националниот куп.

За Баерн тоа беше најтежок пораз во германскиот куп во клупската историја, и воедно највисок пораз во последните 43 години.

– Ние сме луѓе, а не машини, изјави Нагелсман на денешната виртуелна прес-конференција.

– Покажавме дека сме ранливи, но важно е да извелечеме поуки од овој натпревар, кој влезе во историјата и мораме да ги прифатиме критиките. Нема сомнеж во тоа, рече Нагелсман, кој и натаму е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус.

– Реагирав со висок тон додека го гледав натпреварот во својот дом и соседите сигурно се прашувале што се случува. Но, ние сме само луѓе и можеме да погрешиме, а понекогаш во еден ден можеме да направиме и повеќе од една грешка, порача тренерот на Баерн.

Треба да знаете
Последни објави