Најслатката Нани од Ново Лисиче сега Мина ужива во својот дом во Англија.
По лажни пријави дека Нани напаѓа и каса бевме приморани повторно да ја згрижиме и да и најдеме најубав дом.
Нани го имаше поминато хуманиот третман во ЈП ЛАЈКА уште минатата година и беше вратена на матичната локација.
За неа се грижеа добри луѓе од населбата со кои постојано бевме во комуникација и добивавме информации за нејзината состојба.
Благодарност дo семејството што ја вдоми и до сите кои помогнаа во целиот процес за вдомување и спасување на Нани. Нани сега има дом каков што заслужува, а нејзиното семејство ја обожава со што секојдневно со нас споделуваат многу фотографии и видеа.