Поради здравјето размислува да отстапи од тронот: Дали се подготвува промена на векот во Бакингемската палата?

За првпат по долго време, кралицата Елизабета Втора не се појави на неделната служба во Виндзорската капела минатата недела, а потоа ја откажа и дводневната посета на Северна Ирска на која оди секоја есен.

Но, она што најмногу ги загрижи нејзините сонародници е веста дека ја поминала ноќта во болницата „Крал Едвард Седми“ во централен Лондон, поради прелиминарни прегледи. Бидејќи таквите контроли вообичаено не се вршат во текот на ноќта, сомнителноста на нацијата била оправдана.

Веќе утредента кралицата се врати во Виндзор, исклучително расположена, а од нејзината официјална резиденција – Бакингемската палата, стигнало објаснување дека лекарите ѝ советувале одмор за да собере енергија за претстојниот еколошки самит во Глазгов.

Таблоидите, кои на кралското семејство им се традиционално „трн во око“, побрзаа да објават дека Елизабета има забрана за консумирање алкохол. Наводно, таа морала да се откаже од омилениот џин по ручек и вечерното мартини. Одлуката дали ќе учествува на конференцијата закажана за следната недела ќе биде дополнително донесена.

Зад најстариот монарх на светот не се само 95 години живот, туку и неколку тешки месеци. Откако почина нејзиниот сопруг, принцот Филип, Елизабета ретко се појавува на јавни настани. Поради пандемијата таа е секако внимателна, но шпекулациите на Островот за нејзината здравствена состојба не престануваат. Следната година таа би требало да го прослави својот платинест јубилеј – 7 децении на тронот.

Од сите овие причини, интензивно се шпекулира дека кралицата подготвува транзиција на власта односно предавање на тронот, и тоа не на принцот Чарлс туку на внукот Вилијам во кој, како што тврдат извори од дворецот, има многу поголема доверба отколку во сопствениот син.

Треба да знаете
Последни објави