СДСМ Куманово: Димитриевски да одговори која е целта на лажните профили со имиња на наши членови?

Театарот не престанува! Секојдневно сме сведоци на лаги и манипулации од страна на противникот Димитриевски и неговата штабска структура. Секојдневно презентираат сликички со најразлични содржини, самите прават лажни профили со лажни имиња и во лажни групи си пишуваат меѓусебе, се служат со секакви средства само да се додржи градоначалничката фотелја.

„За Наше Куманово“ веќе стана патетична група на луѓе која на секој можен начин ги опструира овие локални избори. Најновата театарска содржина со режисерски обид се лажните профили си имиња на членови на СДСМ (слика долу), за кои се прашуваме за што служат, која им е целта? Во нивната предизборна кампања не видовме ниту проекти, ниту идеи, туку само изнесување невистини и плукање по сите членови на СДСМ, кои 2017-та година се бореа Димитриевски да стане градоначалник.

Ги повикуваме кандидатите за советници од групата “За наше Куманово” доколку добиле закана од некој од кандидатите за советници на СДСМ, да пријават за истото во СВР Куманово и да поднесат пријава, а институциите да постапат по истото. Очигледна е безидејноста и паниката во редовите на групата избирачи од поразот кој ги чека во недела на 31ви, а Димитриевски си има ангажирано актер за да ги презентира сцените од неговата претстава.

Ги замолуваме граѓаните да не потпаѓаат на ваквите провокации и сценарија. Не е прв пат Димитриевски да се служи лично со ваква ниска игра, театар беше и снимањето кога тој лично прави прекршоци со затемнети стакла, си праќа пораки самиот себе, а потоа ги објавува јавно. Зошто не ги покаже пораките со поткупувачот на гласови? На Фејсбук Димитриевски пишува – Мики ми кажа ви требале средства. Како Димитриевски има кампања од над 1 милион евра ако ниту една партија не стои позади кампањата?

Како може во кампања да се градат 16 километри улици за 1 милион евра, а за цел мандат 4 години, со 3 милиони евра да се градат цели 10 километри улици?

Кога веќе се бавите со инженеринг на социјалните медиуми го повикуваме Димитриевски да одговори какви се лажните профили (слики долу) на таргетирани членови на СДСМ Куманово и која е нивната цел?

Што е следно Димитриевски?

Треба да знаете
Последни објави