Шеснаесетгодишна пациентка од тетовско со тешка клиничка слика се лекува на Инфективна

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за Сител телевизија посочи дека на Клиниката има хоспитализирано 16-годишна пациентка од тетовскиот регион.

Директорката вели дека девојката е со развиено тешка клиничка слика, и со компликации од коронавирус.

– Имаме 16 годишна девојка која покажува сериозна клиничка слика на вирусот. Засега немаме податоци за други болести согласно анамнестичките податоци, вели Стевановиќ.

Вчера на Клиниката почина 17 годишна пациенткаациентката од демирхисарско. Таа е третата малолетна жртва на Ковид-19 во земјата. Претходно од вирусот починаа и 15 годишна девојка од тетовско и двегодишно дете на Детска хирургија кое имало сериозни вродени болести но и позитивен тест на вирусот.

Трите починати малолетни лица не биле вакцинирани против Ковид-19.

Инаку според податоците од Министерството за здравство од 12-18 години прва доза примиле 10.450 деца а 9451 се ревакцинирани.

Треба да знаете
Последни објави