Шилегов: Во четири години целосно реновиравме 22 од 23 средни училишта во Скопје

„Во изминативе четири години целосно изреновиравме 22 од вкупно 23 средни училишта во Град Скопје. Ги направивме енергетски ефикасни и дигитализирани“ кажа кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилетов во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.
Тој додаде дека останува да се заврши уште средното ветеринарно училиште во Драчево, но најави дека тоа е во планот за следната година.
„Водиме сестрана грижа за младите бидејќи тие се императив во нашиот град. Не може да не ги подобриме условите за живот, а да бараме од нив да останат тука. Тие мора да ја осетат институционалната грижа за нив“ рече Шилегов.
Градоначалникот на Град Скопје кажа дека директорите во сите средни училишта биле избирани од колективите во школите, според нивниот квалитет и можности за најдобро менаџирање на училиштата.
Треба да знаете
Последни објави