Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
– ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат коалиција меѓу себе, но не и мнозинство. И тоа е добро, конечно го покажаа вистинското лице, а приказната на Левица се руши како кула од карти. Таа партија е само приврзок на ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе. Нивната наводна борба за правда, правдина, човекови права е само лоша маска која падна и граѓаните конечно може јасно да видат кои се вистинските мотиви за нивното делување. Тоа би требало да се вика коалиција на „големата лага“ која, за среќа, нема да може да направи мнозинство и тоа веќе е демантирано вчера од Гаши, вели Шилегов.