Кошаркарите на Јута, предводени од хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ (19 поени) ја продолжија победничката серија во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Хјустон на гостински терен со 122-91. Со оваа победа Јута остана единствениот тим во НБА лигата што има максимален учинот од четири победи во четири натпревари.
Њујорк на гостински терен му го нанесе првиот овосезонски пораз на Чикаго, додека Филаделфија на домашен терен го совлада Детроит, кој сè уште ја чека првата победа.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:
Филаделфија – Детроит 110-102, Вашингтон – Атланта 122-111, Чикаго – Њујорк 103-104, Хјустон – Јута 91-122, Далас – Сан Антонио 104-99, Голден Стејт – Мемфис 101 – 104 (по продолжение).