Oткриен нов сој на коронавирус отпорен на вакцините на „Фајзер“ и „Астра зенека“

Новиот сој на коронавирус А.30, откриен во Ангола и Шведска, е високо отпорен на антителата од вакцините на „Фајзер“ и „Астра зенека“, покажа ново научно истражување.

Тим на научници од Германија го проучуваше новиот вид на коронавирус А.30, кој првпат беше регистриран во Танзанија, а потоа беше идентификуван кај неколку пациенти во Ангола и Шведска во текот на пролетта оваа година. Тие ги споредија мутациите на оваа варијанта со варијантите Бета и Ета. Бета е избрана затоа што има највисоко ниво на отпорност на антитела, објаснуваат германските научници.

Според нивната студија, видот А.30 покажал подобрена способност да навлезе во повеќето клетки домаќини, вклучувајќи ги и клетките на бубрезите, црниот дроб и белите дробови.

Оваа мутација навлегува во одредени клеточни линии со зголемена ефикасност и избегнува неутрализација со антитела од вакцините „Астра зенека“ и на „Фајзер“, покажаа резултатите од студијата.

А.30, исто така, покажал отпор кон моноклоналниот лек Бамланивимаб, кој се користи за лекување на Ковид-19. Сепак, оваа варијанта покажа слабост за мешавината на Бамланивимаб и Етесевимаб.

Светската здравствена организација во моментов не му придава преголема важност на новиот вид на коронавирус поради неговата ниска распространетост.

Треба да знаете
Последни објави