Државниот санитарен и здравствен инспекторат покрена постапка по смртта на 17 годишната пациентка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, пренесува ТВ Сител.
Надзорот ќе го опфати целокупното лекување на пациентката кај матичниот лекар и во клиничката болница во Битола, потврдија за Сител од ДСЗИ.
Младата пациентка на Инфективна била хоспитализирана во многу тешка состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми. Со Брза Помош ја транспортирале од битолската болница каде престојувала само еден ден, но поради ниската сатурација и влошената состојба итно била префрлена на скопските клиники. Починатата девојка имала дијабет.
– Јувенилен дијабет тип еден е сериозно заболување кое прави проблеми на сите органи. Знаеме дека шеќерната болест е тивок убиец, вели др. Милена Стевановиќ директор на Клиниката за инфентивни болести.