Теута Арифи во Тетово, Шилегов во Скопје, порача портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на на денешната прес-конференција. Османи изјави дека изборниот процес во првиот круг е еден од најуспешните, не само поради постигнатиот резултат на ДУИ, туку пред се поради успехот и големата поддршка за зелената агенда за развојот на општините и на државата во понапредна и поквалитетна димензија.
Тој апелираше до граѓаните да излезат и да гласаат на 31 октомври, за да се отвори патот за реализација на програмите на Демократската Унија за Интеграција со проекти за уште поквалитетен развој на општините во државата.
„Граѓаните треба да знаат дека во недела имаат избор околу една јасна понуда и концепција од една страна, и сѐ уште несфатлива коалиција со нејасна идеолошка и политичка цел до другата страна. Ние и нашата широка коалиција имаме јасна понуда: Теута Арифи за Тетово во чија програма се наоѓаат најзначаните проекти од Зелената Агенда, од најголемите
пречистителни инвестиции, гасификацијата на градот, па се до реализацијата на коридорот 8; во иста насока е и изборот на Невзат Бејта за Гостивар – вреден, работлив и успешен кандидат кој не само ќе обезбеди нова перспектива за Гостивар, туку ќе преставува и еден вид гарант за сите инвестиции во полошкиот регион“, порача Османи.
Османи повика да се поддржи и Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје за да се обезбеди континуитет на развојот на градот, негов инфраструктурен напредок и Скопје да продолжи да биде град еднаков за сите.
„Со не помала важност е и нашиот избор за градоначалник на главниот град. Скопје е главен град на целата држава, и град кој е важен за сите негови граѓани, а Петре Шилегов го покажа токму тоа, дека Скопје може да биде град на сите негови граѓани. Изминативе четири години видовме што значи рамноправен развој на градот, без разлика дали во одредени реони живеат Албанци или Македонци, дали живеат Турци, Роми, Бошњаци, Срби или Власи. Скопје станува град на сите, град за сите – и тоа треба да го зачуваме. Тоа е важно и за нас скопјаните; но тоа е важно и за севкупниот мултикултурен амбиент на државата“, додаде Османи.