Илиевски: Во недела одиме на голема победа, за Куманово да оди напред

Неколку часа пред изборниот молк, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски на својот фб профил упати јавен повик до граќаните на Куманово за поддршка во недела на 31- ви октомври. Порака ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани граѓани на Куманово,

Во недела сме исправени пред една важна одлука за насоката во која ќе се движи Куманово во наредните 4 години. Да одиме напред или да се вратиме назад. Да се обединиме или да се поделиме. Да бараме изговори или решенија.

Како ваш иден Градоначалник, со чесна и искрена намера давам завет пред сите вас, дека ќе работам исклучиво во интерес на граѓаните, ќе бидам постојано достапен за граѓаните на Куманово, ќе ги реализирам сите проекти кои го носат најдоброто за моите сограѓани и со визија, тим, план и стратегија, во партнерство со граѓаните ќе изградаме нов лик на градот.

Време е Општина Куманово да биде чист, зелен и модерен град. Време е граѓаните на Куманово да живеат подобро, поздраво, побогато. Се обврзувам да бидам Градоначалник на сите, без разлика на етничката или верската припадност, да го продолжиме концептот Едно општество за сите.

Затоа, ве повикувам сите, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и сите останати, во недела сите заедно, обединето, да заокружиме 12, да гласаме за НАЈДОБРОТО за Куманово! ОДИМЕ НА ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА КУМАНОВО!“ –напиша Илиевски.

Треба да знаете
Последни објави