Интер е согласен да го продаде својот најскапоплатен фудбалер

Актуелниот италијански фудбалски првак Интер е подготвен да го пушти својот најплатен играч, данскиот интернационалец Кристијан Ериксен да ја продолжи кариерата надвор од Апенинскиот полуостров. Ериксен кој беше еден од хероите на последното ЕП одржано летово ширум „стариот континент“ поради добиената битка со преживеаниот срцев удар на теренот каде му беше спасуван животот, а потоа префрлен во болница и му беше вграден и дефиблатор, нема право да игра во Италија токму поради здравствените проблеми кои ги имаше, иако сега добро се чувствува.

Интер со кого Ериксен е под договор продолжи иако не може да игра во Италија, продолжи да го плаќа данскиот фудбалер на кого платата му изнесува 7,5 милиони евра годишно. Италјанскиот калчолигаш е согласен за пристојна цена да му дозволи на Ериксен да си најде надвор од Италија нова средина каде со вакви здравствени проблеми не е забрането да се занимаваат активно со спорт и да ја продолжи својата кариера.

 

Треба да знаете
Последни објави