МЗ: 73 проценти од новите случаи и 75 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Во периодот од 6 август до вчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни Ковид-19, од кои 12.375 лица или 27 отсто биле целосно вакцинирани. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246 граѓани, односно 73 отсто од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани, се наведува во анализата на вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство.

За вакцинирани, како што се посочува во соопштението, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75 отсто, додека само 25 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера, на територија на државата починале 1592 пациенти со Ковид-19. Од нив, 1310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Треба да знаете
Последни објави