Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски, кој го брани голот на португалскиот Порто повторно ја има најдобрата одбрана во 6. коло од елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, во традиционалниот избор на „ЕХФ ТВ“. Порто иако важеше за аутсајдер во дуелот со барселона како домаќин ремизираше (33:33), а во поголемиот дел имаше и водсто со кое се закануваше дека ќе го изненади актуелниот еропски првак.
Ова е вторпат Митревски да има најдобра одбрана во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите. Сега Митревски доби признание во изборот со извонредна интервенција.
За македонскиот голман досега освен двапати што беше број еден со најдобра одбрана, еднаш се најде и во изборот за најдобар голман на колото.
🌟 𝑻𝑶𝑷 𝑺𝑨𝑽𝑬𝑺 – 𝑹𝑶𝑼𝑵𝑫 6 🌟
➡️ halifa GHEDBANE | @HandbalDinamoRO
➡️ Niklas LANDIN | @thw_handball
➡️ Vincent GERARD | @psghandofficiel
➡️ Roland Mikler | @pickhandball
➡️ Nikola MITREVSKI | @FCPortoGoalkeepers are the main protagonists of the #ehfcl? 👇 pic.twitter.com/fwJT2EIlwT
— EHF Champions League (@ehfcl) October 29, 2021