Мургашанска: Во недела гласаме за број 12 и за Оливер Илиевски, нема да дозволиме градот да го водат поединци под капата на ВМРО

Атина Мургашанска, носителката на советничката листа на коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводена од СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција ги повика граѓаните масовно да излезат и да го заокружат бројот 12 за победа на најдобрата програма, за иден Градоначалник на Куманово Оливер Илиевски.

Таа потенцираше дека СДСМ на овие локалани избори го има најголемиот предизвик, да победи два кандидата од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„За нив не беше доволен поразот во вториот круг, па го поддржаа „независниот“ Димитриевски. Без разлика на предавството од човекот кој се удираше во гради дека е „социјалдемократ во срце и душа“ , без разлика на сите патетични претстави на кои бевме сведоци изминатиов период и без разлика што замина на страната на режимот од кој и самиот крвареше, ние како СДСМ и Коалицијата ќе ја пребродиме и оваа бура.“

Носителката Мургашанска ги повика граѓаните да не подлегнуваат на притисоци, на лажни ветувања за вработувања и други манипулации.

„Да не дозволиме да се продаваат гласови во проценти и во ветени вработувања и функции. Да не дозволиме да нé водат поедници на кои само им е важен личниот интерес засолнети под капата на ВМРО- ДПМНЕ. Да не дозволиме да ни се случи режим. Во Куманово тоа не поминува!” Таа повика на обединување на СДСМ и коалициските партнери за просперитет на градот. „Заедно со сите вас, драги сограѓани, ќе покажеме што значи единство, што значи просперитет и гледање на пошироката слика во иднината. Пред нас, идниот градоначалник и Советот на Општина Куманово, стои заветот да изградиме чист, модерен и европски град. Тоа е наша обврска наредните четири години,” заврши Мургашанска.

Треба да знаете
Последни објави