Османи: Прашањето со Бугарија во предизборието се користи за дневна политика и во двете земји

Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес, чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 година. Но, изборите во двете земји не придонесуваат за решение, оцени денеска шефот на дипломатијхата Бујар Османи.  

Тој изрази жалење што не се успеа до завршницата на овој изборен процес и кај нас и во Бугарија да биде заштитено ова прашање од дневнополитичките напади и од киднапирањето на оваа тема во дневната политика и во двете земји, бидејќи, вели, никогаш изборите не приднесуваат вакви теми да се решат.

– Ние мора да најдеме начин да ги почнеме преговорите во најскор можен рок и мене ми е задоволство што еве вчера Ескобар па и други претставници од ЕУ алармирааат дека имаме сериозен проблем во регионот и дека не може ова прашање да го држи во заложништво стабилноста на целиот регион и европската перспектива. Вториот дел како ќе ги надминеме разликите, тоа е еден процес. Процес чија рамка ја дава договорот од 2017 година, преку комисијата. Оваа промена во пристапот од бугарската страна мислам дека е еден процес на саморефлектирање. Не можам да ги проценам уште намерите бидејќи заради изборите немавме и редовна комуникација за да си ги размениме ставовите и  прашањата, меѓутоа јас се обидувам да го наметнам тоа размислување дека не можете никому да наметнете право на самоидентификација или да му забраните ниту пак да наметнете апсолутна вистина, државата мора тоа да го гарантира на сите граѓани прво на Македонците, мнозинска заедница, на Албанците, Турците, Ромите па и на Бугарите тие што се чувствуваат така да имаат право да се самоопределат и да си ги манифестираат своите културни атрибути. Државата ниту до сега има забрането, ниту од сега треба да забрани таква можност и слобода за самоидентификација на граѓаните, вели Османи на новинарско прашање по партиската прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ. 

Тој изрази жалење што не се успеа до завршницата на овој изборен процес и кај нас и во Бугарија да биде заштитено ова прашање од дневнополитичките напади и од киднапирањето на оваа тема во дневната политика и во двете земји, бидејќи, вели, никогаш изборите не приднесуваат вакви теми да се решат.

Османи нагласи дека помеѓу двете влади се разговара само за прашањата кои до сега се презентирани со пакетот од пет точки за кои очекува наскоро да има средба некаде во втората половина на ноември. Но на писмено за внесување на Бугарите во Уставот, вели, не сме добиле никакво барање.

-Тоа единствено се надоврзува на изјавата на претседателот Радев во Словенија, меѓутоа во формалната комуникација, во комуникацијата која што се разменува  преку ноти, која што се разменува на формални состаноци се разговара за петте прашања и се разбира нашето прашање, а тоа е условеноста на тие пет прашања со зелено светло за започнување на пристапните преговори со ЕУ. И затоа мора да ги разделиме формалните разговори од ова што ние повеќе во еден слободен разговор ги наметнуваме како идеи за надминување на разликите, посочува Османи. 

Запрашан за упатување барање за реципроцитет по однос на македонското малцинство, тој вели, ја разбира потребата од реципроцитет, и природен инсинкт е две суверени држави да комуницираат на основа на реципроцитет, и го повтори појаснувањето дека уставното уредување во Бугарија не признава организирање на граѓаните по етничка основа. За индивидуалните прашања, рече, надлежен е Советот на Европа и Судот за човекови права во Стразбур којшто постапува и ќе продолжи да постапува.

Нагласи и дека никој досега во земјава не пријавил случај на дискриминација по основ на етничката припадност. Албанците, рече, поминале низ едно такво ограничување, но Рамковниот договор го овозможи, го адаптираше Уставот да може да биде државата инклузивна да ги прифати сите етнички заедници во државата. Изјавите од овој тип во соседна Бугарија тој ги смести во функција на предизборниот процес. 

Средбите на претставници на бугарски здуженија од земјава со политичари во Бугарија, според Османи е во контекст на политизирање и во контекст на изборниот процес.

– Но доколку, и како припадник на заедница која што еве поминала низ такви ситуации на ограничување на можност на самоизразување, јас можам да бидам каналот за да ги изразат тие поплаки за да може еднаш засекогаш да ги демитологизира таквите ставови коишто сега се користат во политички изборен процес, вели Османи.

Во однос на Комсијата за историски прашања смета дека дискурсот е во рамки на предизборниот амбиент. Информира дека досега не е поднесена формална оставка од членот од македонскиот тим на Заедничката историска комисија, Ванчо Ѓоргиев.

-Јас имам право да го прекинам договорот врз основа на тоа јавно искажување меѓутоа сепак очекувам да поднесе и формално барање, сепак да се образложи причината  итн. за да потоа одиме кон избор на нов член, рече Османи. 

Во однос на случајот со бугарското државјанство кое наводно го има Данела Арсовска како еден од кандидатите за градоначалник на Скопје, шефот на дипломатијата рече дека во овој случај нема законско ограничување за тоа, а проблемот е од етичка природа поради нетранспарентноста.

-Бугарското или било кое друго државјанство се додека не е законска пречка за учество на избори не може ниту да биде проблем, меѓутоа нетранспарентноста на еден кандидат може да биде многу поголем и посериозне проблем отколку дали има државјанство доколу е тоа законски дозволено. Меѓутоа и ова прашање сигурно ќе направи штета затоа што ќе даде аргумент на тие коишто претендираат дека во Република Северна Македонија доколку граѓаните се самоидентификуват, самопредлат имаат пречки потоа во општествениот  живот, смета Бујар Османи.

Треба да знаете
Последни објави