СДСМ: Маските паѓаат, радикални михајловисти дел од кампањата на Арсовска

На 27 октомври на својата фејсбук-страница Данела Арсовска објави фотографија како дели пропагандни материјали со радикален член на Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и МПЗ „Тодор Александров“, објавија денеска од градската организација на СДСМ.

Од таму посочуваат дека здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола има цел „рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.

„За време на пописот, на 17 септември, Културниот центар ‘Иван Михајлов’ – Битола упати повик за попишување на Бугарите од Македонија со слоганот ‘Еден народ во две држави’“, посочуваат од СДСМ и за тоа приложуваат фотографија од повикот на социјалните мрежи.

Дека станува збор за радикален националист, говори и оваа фотографија на истото лице со автоматско оружје во раката пред партискиот грб на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласуваат од партијата.

Од таму велат дека станува збор за дел од радикалните членови на МПЗ „Тодор Алексадров“, кои подоцна го основале Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола.

„Во 2016 година, по инцидентот на Мечкин Камен, СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението ‘Тодор Александров’ на Илинденскиот марш поради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ. Културниот центар ‘Иван Михајлов’ – Битола отворено го негира 11 Октомври како национален празник. На 11 октомври Културниот центар ‘Иван Михайлов’ – Битола објави: ‘ДНЕС Е “ПРАЗНИК” В МАКЕДОНИЯ, НАРИЧАН 11 ОКТОМВРИ. Празнуват го ВСИЧКИ сърбокомунисти, а национално потиснатият ни народ оплаква своите близки убити или безследно изчезнали след 1945 година в сърбо – комунистическите затвори в Идризово, Голи Оток’“, посочуваат од СДСМ.

Од градската организација на партијата велат дека Данела Арсовска ѝ должи на јавноста одговор зошто дели пропагандни материјали заедно со член на здружение што го оцрнува антифашистичкиот празник 11 Октомври и пропагира дека Македонците и Бугарите се „ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ“.

Треба да знаете
Последни објави