Како кула од карти се сруши целата лага околу независниот кандидат и самопрогласен менаџер, Данела или Даниела Аросвска. За само неколку дена јавноста дозна за каков измамник станува збор. За жал, Данела ниту е менаџер, ниту е независна, а нејзината отвореност и демократичност испарија преку ноќ. Самата призна дека ја менаџирала пропаднатата сала Расадник. Со документи се потврди дека независната Данела е целосно финансирана од членови на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзината кампања платена од партијата. Најзагрижувачко е нејзиното лажење на јавноста за факти кои ги потврдија сите независни медиуми кај нас и во соседна Бугарија. Данела ја лажеше јавноста за своето бугарско државјанство кое го криеше како змија нозете. Заради оваа афера таа испари од медиумите, ја снема за јавноста криејќи се зад соопштенија и снимени видеа.
Не е проблем што Данела има бугарско државјанство, проблем е лажењето за него. За што уште лаже Данела е прашањето кое треба да си го постават скопјани. Скопје доволно патеше од лажни самопрогласени менаџери. Скопје беше жртва на импровизацијата со години. Со односот кон медиумите, арогантноста, лажењето и безидејноста, Арсовска би била соодветен кандидат за 2013 година, во најлошите времиња за Скопје.
Изборот во недела никогаш не бил појасен. Ако во првиот круг имаше многу недоречености, многу кандидати и нејаснотија, сега се е чисто. Во недела бираме помеѓу напредна, демократска и одговорна власт или истото старо ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и Груевски, скриено зад наводен независен кандидат кој нуди само лаги, ароганција и скриени агенди.
Градска организација на СДСМ