„Ако навистина Арсовска е независен граѓански кандидат, што сакаше да ги внесе граѓаните во градот, каде се граѓанските иницијативи во советот? Ги поништија на прва. Каде се вредностите за кои зборуваа дека граѓаните треба да бидат важни?“ запраша кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.
Тој додаде дека денешното објавување за обезбедното мнозинство во советот на Град Скопје од страна на опозицијата еобид да се спречи тоа што се случува, односно обид за спречување на масовното будење на граѓанството со цел заштита на градот и државата од враќањето кон минатото.
Градоначалникот на Скопје ги повика граѓаните во вториот круг на локалните избори да гласаат за продолжување на развојот на Скопје со цел тој да израсне во модерна и европска престолнина.
„Заедно со вас сменивме многу, поставивме здрави корени со цел Скопје да стане она што стие посакуваме – вистинска европска престолнина, град на сплотени луѓе, град на заедништво, град на солидарност и град на хуманост. За мене луѓето се над политиката и тоа го покажавме, да не дозволиме да се вратиме во минатото, туку да го изградиме Скопје какво што сите го сакаме и какво што вие го заслужувате“ рече Шилегов обраќајќи се до гласачите.