Ливерпул одигра само 2-2 против Брајтон на „Енфилд“, а Манчестер Сити на свој терен загуби од Кристал Палас (0:2), додека Челси како гостин го совлада Њукасл (0:3) и им побегна на најблиските конкуренти три односно пет бода во трката за шампионската титула во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција по 10. одиграни кола. Челзи има 25 бода, Ливерпул 22, а Манчестер сити 20…
Ливерпул почна одлично, Хендерсон уште во 4. минута донесе водство од 1-0, а во 24. минута Мане зголеми на 2-0. Десет минути подоцна Мане даде уште еден гол, но погодокот го постигна со рака па ВАР му го понушти. Ототгаш се сменија работите.
Мепу во 41. минута намали на 2-1, а Тросар во 65. постигна гол за 2-2. Брајтон во еден моменет се израдува и на комплетн пресврт, но погодок на Тросар во 76. минута беше поништен поради офсајд.
Уште полошо помина Манчестер сити кој на свој терен загуби од Кристал Палас со 2-0. Заха во 6. минута Галагер во 88. минута ги постигнаа головите за Кристал Палас. Лапорте пред крајот на првиот дел заработи црвен картон, а во 60 минута ВАР му поништи гол на Габриел Жесус.
Овие резултати ги искористи Челзи, победи на гостувањето кај Њукасл со 3-0 и се одлепи на врвот. Рис Џејмс беше двоен стрелец за Челси, еднаш погоди Жоржињо од пенал.
Барнли со 3-1 го победи Брентфорд, Саутемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Ватфорд.