Работнички ја прекина серијата без победа

Фудбалерите на Работнички попладнево ја забележаа првата победа по пауза од четири натпревари совладувајќи го Борец во Велес во рамки на 12. коло во Првата македонска  лига (ПМФЛ).

Актуелниот шампион Шкендија одигра само нерешено на домашен терен против Тиквеш, додека Ренова и Академија Пандев со бод се враќаат од денешните гостувања во Скопје и Струга.

ПМФЛ резултати 12. коло

Борец – Работнички 0-1

Шкендија – Тиквеш 1-1

Скопје – Ренова 0-0

Пелистер – Македонија ЃП 0-2

Струга – Академија Пандев 0-0

Шкупи – Брегалница 5-0 (играа вчера)

Табела: Шкупи 29 бода, Ренова 22, Академија Пандев 22, Брегалница 19, Работнички 18, Шкендија 18, Струга 16, Скопје 16, Македонија ЃП 14, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4.

Треба да знаете
Последни објави