Манчестер јунајтед брзо се врати во живот по убедливиот пораз од Ливерпул, и во 11. коло од ангчлиската фудбалска премиерчлигашка конкуренција како гостин славеше убедчива победа од 3:0 против Тотенхем. Главната улога ја одигра еден од најдобрите играчи на светото Португалецот Кристијано Роналдо кој даде гол и имаше асистенција. Роналдо и неговите соиграчи со овој триумф го оставија тренерот Оле Гунар Солскјер на разнишаната клупата кај „црвените ѓаволи“.
По дебаклот од Ливерпул на „Олд Трафорд“ кој долго нема да го преболат, раководството на Манчестер јунајтед реши да му даде уште една шанса на Оле Гунар Солскјер, кој заедно со играчите ја искористија да продолжата со заедничка работа.
Во 39. минута по убава асистенција од Бруно Фернандеш, Роналдо погоди со волеј за водство на Манчестер јунајтед од 1-0. Во 64. минута Роналдо асистираше до Кавани кој реализираше за сигурна предност од 2-0.
Конечниот резултат го постави Рашфорд во 64. минута.