Полицијата во Велес синоќа го привела лицето А.Д. (20) кој бил затекнат при вршење на кражба во куќа на улицата „Ѓорге Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници.
Дваесетгодишникот од Велес ги нападнал и им нанел повреди на двајцата полицајци кои го затекнале при кражбата. Тие побарале и лекарска помош во велешката болница.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот против разбојникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.