На сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ќе се одигра балетската премиера „Жизел”.
„Жизел” е магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам.
Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб.
На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ.
Настапуваат: Жизел: Марија Кичевска Шокаровска, Алберт: Васил Чичиашвили (Грузија), Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Ивана Коцевска , Па де де: Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија) , Мајка: Марија Јосифовска Ристовска, Батилда: Марија Брдароска, Гроф: Александар Петковски, Придружник на грофот: Драган Кочоски.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против корона вирусот или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.