Ливерпул прокоцка два гола предност во дуелот од 10. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција во дуелот со Брајтон пред своите гледачи (2:2), по што тренерот на „црвените“ Јирген Клоп беше многу разочаран. Германскиот стручњак во својата изјава по натпреварот истакна и дека е разочаран што бил поништен голот на Мане.
– Чувството е како да сме доживеале пораз.Не само поради водството кое го имавме, туку и поради убавите голови кои ни беа поништени. Во првото полувреме одигравме одлично, покажавме како може да се рани Брајтон, но второто полувреме не беше добро, не ми се допадна говорот на телата на моите фудбалери. Најдобар начин да се одбраниш од Брајтон е да ја имаш топката и да играш таму каде што оставаат простор, но не го правевме тоа, изјавил Клоп.