Додека целиот свет е погоден од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Северна Македонија продолжува со одличните економски резултати. Заклучно со третиот квартал, јавниот долг во земјава падна по 60 отсто од БДП, позиционирајќи се на ниво од 29.3 отсто.
Јавниот долг е намален за 3,8 отсто во однос на вториот квартал од 2021 година, кога изнесуваше 63,1 отсто. Со тоа се потврдува дека економијата во Северна Македонија е поставена на здрава фискална политика и добро управување со јавните финансии.
Намалувањето на долгот се должи пред се на исплатата на Еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од 500 милиони евра.
„Значајно е дека и покрај рецесијата, Владата успешно настапи на глобалните пазари на капитал и средствата за оваа Еврообврзница беа обезбедени со издавање нова Еврообврзница во март 2021 година со историски најниска каматна стапка од 1,625 %“ соопштија од министерството за финансии.