Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Ќе се спиење еден час повеќе. Летното сметање на времето во 2021 година завршува во недела на 31 октомври во три часот по полноќ.
Ноќта помеѓу сабота и недела, часовниците треба да се вратат еден час наназад. Времето во три часот во недела на 31 октомври се смета за два часот, согласно Законот за сметање на времето.
Практиката е секој последен викенд во октомври да се поместува часовникот и да се префрла на зимско сметање на времето, а тоа прашање е регулирано со закон во повеќето европски земји. Комитетот на Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот во 2021 година, што со децении се случува двапати годишно – во март и во октомври. Ваквото сметање на времето трае до последниот викенд во март, кога следи летно сметање на времето.
Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ засега нема донесно конечена одлука до кога ќе се поместуваат стрелките на часовникот. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Промена на сметањето на времето нема во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и во африканските земји.