Битката на двете суперѕвезди – Лука Дончиќ и Никола Јокиќ отиде на страната на вториот, актуелниот МВП на лигата го однесе својот Денвер Нагетс до победа над Далас Маверикс со 106-75. Двете екипи влегоа со повреди во овој меч, но она што требаше да биде тензичен трилер набрзо се претвори во еднонасочна улица – Нагетс на полувремето имаа десет поени предност, а на влезот во третата четвртина порасна на 31 поен. Плус. Во тој период Јокиќ и компанија постигнаа 33 поени, а примија само 12 …
Далас втор натпревар по ред беше без Кристапс Порзингис и тоа многу се почувствува во играта на тимот на Џејсон Кид бидејќи Нагетс забележаа 50 скока наспроти само 22 на Далас.
Голем проблем во играта на Далас беше слабата напаѓачка вечер на Дончиќ, Словенецот не успеа да влезе во вообичаениот ритам, па потроши дури 18 шута за 16 поени. Но, и со толку скромен учинок Дончиќ беше најдобар стрелец на својот тим, освен него, единствен двоцифрен беше Треј Бурк со 11 поени. Далас шутираше под 30 проценти. Сето тоа Денвер го плати со победата во која Јокиќ постигна 11 поени, 16 скока и осум асистенции за 26 минути игра.
Во Портланд, домашниот тим предводен од Демијан Лилард (25 поени, четири скока, шест асистенции), Јусуф Нуркиќ (14 поени, 17 скокови) и МекКолум (14 поени) забележа победа над ЛА Клиперс. На тимот на Тајрон Лу не им помогна ниту новата блескава партија на Пол Џорџ, кој постигна 42 поени со осум скока.
Нетси ја разбија Индијана со 105:98 во најдобриот натпревар на Харден во сезоната, кој постигна 29 поени, со осум скока и осум асистенции.
Во пресметката Лејкерс-Кливленд, екипата на ЛА стигна до третата победа сезонава. Леброн Џејмс постигна 26 поени во победата, со три скока, осум асистенции и седум загубени топки, а Кармело Ентони додаде 24 поени и пет скока. Кај Кливленд, Еван Мобли постигна 23.
Торонто – Орландо 110-109
Бруклин – Индијана 105-98
Мајами – Шарлот 114-99
Њу Орлеанс – Сакраменто 109-113
Денвер – Далас 106-75
Портланд – ЛА Клиперс 111-92
ЛА Лејкерс – Кливленд 113-101