„Fashion group” со забава, подароци и нови колекции вчера ги отвори новите модерни продавници во „Ист гејт мол”. Групацијата е дел од 200-те брендови што ќе бидат застапени во трговскиот центар, а по повод отворањето имаше богата програма со изненадувања за посетителите.
Вистински празник за љубителите на модата имаше во продавниците на „Fashion Group” во „Ист гејт мол”. Шопинг авантурата на познатите личности, инфлуенсерите и лојалните купувачи започна од OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, потоа следеше сечење на лента во PARFOIS, брендот SPRINGFILED, TIMBERLAND, со музичка забава Fashion & Friends, MANGO и новиот италијански бренд за мажите Dan JOHN.
– Секоја наша продавница е со нов модерен изглед според светски стандарди затоа претставува и предизвик за секој наш лојален купувач. Сите колекции се внимателно одбрани за да се задоволат вкусовите на модните „зависници”. Ги покануваме сите да бидат дел од нашите модни приказни, истакна Јордан Колевски, маркетинг менаџер во Fashion Group.
Посетителите имаат можност во продавницата на машкиот италијански бренд Dan John да уживаат во настапите на познати машки танчери во стилот на „Great Gatsby”, преку која ја претставија софистицираната колекција, проследено со многу изненадувања за новите купувачи.
– Еден од омилените брендови на жените MANGO овојпат со двојно засилување: машка и детска колекција. Ако се двоумевте каде да ги набавите сите парчиња облека во неутрални бои за најмалите, тогаш веруваме дека тоа ќе го сторите во детското катче во продавницата на Mango во East Gate Mall. Подеднакво возбудливо е пристигнувањето и на машката колекција со потпис на MANGO, како една од најсофистицираните во Европа изминатите неколку години. Со заокружување на сите три колекции на брендот, веројатно вашето семејство ќе биде постилско од кога и да е, додаде Колевски.
Над 600 брендови од кои 40 се сосема нови може да се најдат во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол” во Скопје што вчера официјално е отворен за посетители. Вкупната инвестиција на трговскиот центар е 103 милиони евра. Очекувањата се дека ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.