Поранешниот грчки Министер за финансии во Владата на СИРИЗА, која ја предводеше Алексис Ципрас и со која Македонија го потпиша Преспанскиот договор е многу лут: тој на Твитер го обвини газдата на Фејсбук, Марк Закерберг, дека му го украл името „Мета“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Тргнете ги рацете од нашата „Мета“, Центар за посткапиталистичка цивилзација, господине Закерберг. Вие и вашите полтрони не би ја препознале цивилизацијата дури ни ако ве удри како весло од брод“, напиша Варуфакис.
Иако самиот збор „мета“ е од старогрчко потекло, значејќи „одзади“, сепак не е јасно на што алудира Варуфакис кога вели „цивилизација“.
-Закерберг штотуку ја „позајми“ нашата Мета (https://metacpc.org) за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми“ името на нашето движење, DiEM (http://diem25.org) за да ја ребрендира неговата криптовалута Либра. Што е следно? Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!“, напиша Варуфакис на „Твитер“, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета.