Две лица се убиени во Судан во текот на протестите ширум земјата против военото преземање на власта.
Опозицијата во Судан ги повика граѓаните да одржат милионски протест против воениот пуч, со барање за враќање на граѓанската преодна влада. Во понеделникот армијата го приведе суданскиот премиер, Абдала Хамдок и неколку други членови на владата.
Шефот на вооружените сили, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој го воедеше военото преземање на власта, го распушти заедничкиот цивилно-воен совет кој беше формиран да управува во земјата до демократските избори, по соборувањето од власт на автократот Омар ал-Башир во народниот бунт од април 2019 година.
Следниот ден беше објавено дека премиерот и неговата сопруга се вратиле дома. Во септември годинава, суданските власти објавија дека спречиле обид за воен удар, пренесува „Спутник“.
Светска банка ја запре помошта за Судан по државниот удар, а ОН, ЕУ и САД бараат враќање на обезвластениот премиер.
Африканската унија, исто така, го суспендираше Судан поради „неуставно“ преземање на власта.