Победа и Силекс остварија минимални победи од по 1:0 во 9. коло од второлигашкатра фиудбалска конкуренција во групите Исток и Запад и ги задржаа првите позиции пред своите конкуренти. Прилепчани се лидери благодарение на подобрата гол-разлика од Слога Виница, а Силекс е три чекори пред својот наблизок следбеник Воска, одека најтрофејниот македонски тим Вардар кој сезонава првпата игра во второлигашката конкуренција фати победички чекор и се проби до третата позиција со новиот четврти триумф во низа овојпат пред своите навивачи против Гостивар со 3:1.
Победа е во голем победнички ритам и најавува враќање во македонската елита. Прилепчани стигнаа до петтата победа во низа откако ја совладаа Беласица во Струмица со 1-0.
ТАБЕЛА: Победа 22 бода, Слога Виница 22, Каменица Саса 17, Кит Го 15, Беласица 14, Осогово 11, Детонит јуниор 10, Кожув 9, Локомотива Градско 4, Братство Житоше 4.
Запад: Вардар – Гостивар 3:1, Воска спорт – Тетекс 2:0, Кораб – Силекс 0:1, Велешта – Охрид 1:1, Беса – Кадино 1:1.
ТАБЕЛА: Силекс 25 бода, Воска 21, Вардар 17, Кораби 14, Тетекс 11, Гостивар 9, Беса 9, Велешта 9, Кадино 6, Охрид 4.