(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико

Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас рано утринава во градот Пуебла во централно Мексико, а причината најверојатно е нелегално поврзување на гасоводот, изјавија официјални лица.

Гувернерот на Публе, Мигел Барбоса, изјави дека 2.000 луѓе кои живеат во радиус од еден километар биле евакуирани пред експлозијата по итен повик до официјалните лица дека се чувствува мирис на гас во областа.

Во тек е потрага по лицата кои останале заробени во срушените куќи. Локалните власти проценуваат дека во експлозијата се оштетени меѓу 30 и 50 згради. Првата од трите експлозии се случила во 2:50 часот по локално време. Се претпоставува дека дошло поради кражба на гас преку див вентил на цевководот. Следеа две нови експлозии.

Компанијата што управува со гасоводот, Петролеос Мексиканос, соопштила дека на местото на експлозијата е пронајден танкер со 25 плински боци.

Гувернерот рече дека спасувачките екипи со кучиња трагаат по можни жртви, иако нема извештаи за исчезнати лица.

Во слична експлозија што се случи во 2019 година во град северно од Мексико Сити загинаа 128 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави