Даштевски: Излезноста до 18:30 е 48,88%

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, пред малку соопшти дека излезноста до 18:30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година изнесува 48,88%. Вкупно, до 18:30 часот, гласале 555 943 гласачи.

Најголема е излезноста во Кочани, 81,2%. Најниска е во Сарај 28,12%.

„Имавме успешен и мирен ден, со изолиран број на инциденти. Имавме гласање фер и демократско, каде виддовме дека уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно, освен во неколку случаи сабалје… Сметам дека треба да причекаме сега да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно“,изјави Даштевски.

Сепак тој наброја неколку избирачки места на кои гласањето се продолжува, поради прекини.

Па така во Центар, на три избирачки места, ќе се гласа уште 2 часа и 55 минути, во Сарај исто така на три избирачки места гласањето ќе се пролонгира за уште 2 часа и 45 минути, а во Карпош на едно избирачко место и тоа уште 2 часа и 30 минути…

Треба да знаете
Последни објави