Вечерва во Србија пристигнале уште 500.000 дози од руската вакцина против коронавирусот Спутник В, потврдил Ненад Поповиќ, министер во владта на Србија и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија. Во изјава за Танјуг појаснил дека 250.000 се од прва компонента и уште толку од втората компонента на оваа вакцина.
-Со оваа пратка која пристигнала во Србија, во земјата имаме приближно два милиони дози од вакцината Спутник В кои ни се испратени од Русија. Покрај тоа имаме уште 1,5 милиони дози кои се произведени во Торлак со што вкупно на располагање ни се околу 3,5 милиони руски вакцини во Србија – изјавил Поповиќ и додал дека Србија е една од најдобро снабдените земји во светот со руските вакцини Спутник В.
Ваквините произведени во Торлак пред осум дена се пуштени во употреба на сите вакцинални пунктови во земјата.