Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, изрази благодарност на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори.
„Денеска Куманово и Македонија победија, не победи Максим Димитриевски, а разликата е повеќе од шест илјади гласа. Им ветувам на граѓаните дека сето тоа што беше кажано во кампањата ќе биде и реализирано. Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата над обид на поедини структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која наликува на нешто што беше минато. И ќе го дадам својот максимум за да ги смениме работите во иднина“, рече Димитриевски.



