Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа. Актуелниот градоначалник Димитриевски на својот фејсбук-профил објави видео од штабот во кој веќе се слави.

Кандидатот на СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски го призна поразот и победата на противкандидатот, актуелниот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.

Според резултатите од СДСМ, Илиевски изгубил со речиси 6.000 гласа разлика, односно Илиевски добил 19.480 гласа, а Димитриевски 25.470 гласови.

Треба да знаете
Последни објави