Таравари прогласи победа: Ако сакаат, ќе одиме на уште една рунда

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и кандидат за втор градоаначалнички мандат во Гостивар Арбен Таравари прогласи победа и изјави дека власта на СДСМ и ДУИ е брутално поразена во оваа општина.

„Јас добив 18.000 гласови, а Али Ахмети околу 12.000 гласови. Имавме противници од целата влада кои овие две недели беа во Гостивар, но во секој случај, ако сакаат уште една рунда, ќе одиме на уште една, рече Таравари,, рече Таравари, а таа изјава еуфорично беше поздравена од бројните членови и симпатизери на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива кои заедно настапија на изборите, а таму каде што имаа свои кандидати беа поддржани од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека со уцена не се купува волјата на народот.

Треба да знаете
Последни објави