Екипата на Милан оствари нова убедлива победа во Серија А, овој пат совладувајќи ја Рома со 2:0 на гостински терен во дерби мечот од 11. коло. Миланезите за прв пат во клупската историја имаат 10 победи на отворањето на сезоната, од 11 одиграни натпревари и сето тоа е најава за борба за титулата во Серија А.
Предводени од легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој даде мајсторски гол од слободен удар во 26. минута, со што прослави двоен јубилеј. Погодокот на Ибрахимовиќ има двојно значење. Тоа е јубилеен 400-ти првенствен гол на Ибрахимовиќ во сите шампионати во кој играл. Првиот првенствен гол, Ибра го даде во минатиот век, односно на 30 октомври 1999 година.Освен што ова беше неков 400-ти првенствен погодок, голот од слободен удар против Рома е и јубилеен 150-ти во Серија А за Златан. Едноставно шведскиот голгетер е безвременски.
Додека, пак, стрелец на вториот погодок беше Франк Кеси од пенал во 57. минута. Интересно е што на гостите им беа поништени уште два погодоци поради офсајд, со што разликата ќе беше уште поголема.
Стефан Ел Шарави во последните мигови ја врати неизвесноста, но, тоа беше недоволно за да дојдат барем до еден бод. Но, голем проблем за Милан ќе претставува неиграњето на Тео Ернандез против Интер во наредното коло, откако доби два жолти картони.
Со новите три бода, Милан сега се израмни на првото место со Наполи, а сега двата тима имаат по 31 бод. Зад нив заостанува Интер кој има 24.
https://twitter.com/nz_epl/status/1454916568094109700?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1454916568094109700%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fmilan-ja-pobedi-roma-i-postavi-neverojaten-rekord-vo-svojata-istorija-video%2F



