Теута Арифи го призна поразот, Касами нов градоначалник на Тетово

Кандидатот на Беса, Биљал Касами победи во вториот круг на локалните избори во Општина Тетово, според неговата противкандидатка ДУИ, Теута Арифи.

Таа на прес конференција во партиското седиште во Мала Речица го призна поразот и му посака успешна работа на Касами.

-Според броењето на резултатите, излегува дека противкандидатот има повеќе гласови и општина Тетово ќе биде водена од него. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа. Му посакувам успешна работа, Тетово е град со многу предизвици, кажа Арифи, која 8 години беше градоначалник на  Тетово.

Според податоците на ДИК, по преброени 24 отсто од избирачките места, Касами има 1.700 гласови повеќе од Арифи.

Треба да знаете
Последни објави